ВИДЕО: Матеус има скршен нос и потрес на мозокот, но ќе биде во ред
На оние кои го гледаа финалето во Лига Европа веројатно им застанал здивот кога видоа на каков начин Матеус буквално се сруши на теренот во 88-та минута.
Бразилецот неколку минути претходно со глава се судри со Тремолинас. Со брзата реакција на соиграчите и докторите беше изнесен од теренот, а потоа веднаш префрлен во болница.,
Според неофицијалните информации на полските и шпанските медиуми, Матеус е свесен, има само скршен нос и потрес на мозокот и со него се ќе биде во ред.
Инаку, Севиља го совлада Дњипро во финалето на ЛЕ со 3:2 и на тој начин обезбеди директен пласман во ЛШ следната сеозна. Шпанскиот тим воедно по четврти пат го крена трофејот, што претставува рекорд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа