ВИДЕО: Маж брутално претепан од полицијата пред очите на неговите деца
Ова требаше да биде посебен ден за две дечиња кои на мечот помеѓу Виторија Гимараеш и Бенфика дојдоа во придужба на таткото и дедото.
Бенфика на гостувањето кај Виторија ја потврди шампионската титула, а дечињата дома се враќаат со трауми кои цел живот ќе ги паметат.
Видеото кое е објавено Јутјуб прикажува како полицијата претепала маж пред очите на неговите два сина, како и неговиот татко кој два пати доби удар во главата. Се чини дека во овој случај португалската полиција дебело ги пречекорила нивните овластувања.
На видеото се гледа дека едно од децата пие вода, додека нивниот дедо се расправа со полицијата. Нивниот татко се вклучува во расправијата, а во тој момент започна се.
Откако на Јутјуб се појави видеото, полициските власти во Португалија најавија итна истрага за случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа