ВИДЕО: Навивачите на Мајнц се простија од Новески

 

Официјалната интернет страница на германската Бундеслига објави видео посветено на Николче Новески и неговото простување од навивачите на Мајнц.

Викендов Мајнц против Келн (2:0) го одигра последниот меч оваа сезона пред своите навивачи. Воедно, ова беше последен натпревар на македонскиот интернационалец Николче Новески во дресот на Мајнц на „Кофас Арена“.

По завршувањето на оваа сезона тој се повлекува, а официјалната интернет страница на Бундеслигата објави видео посветено на нашиот дефанзивец кое беше насловено „Стивен Џерард момент“ во Мајнц-Капитенот Новески кажа збогум.

Новески 11 години беше дел од Мајнц, а неколку години ја носеше капитенската лента на германскиот клуб.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега