ВИДЕО: Јувентус славеше на „Џузепе Меаца“, Лацио се проби на второто место

 

Со голот на Сантијаго Џентилети во 58. минута екипата на Лацио синоќа постигна победа на гостувањето кај Сампдорија со 1:0.

Со овој триумф екипата од Рим се искачи на второто место на табелата во Серија А зад шампионот Јувнетус.

На првиот меч од саботната програма од 36. коло одигран Јувентус го победи Интер на „Џузепе Меаца“ со 2:1. Интер поведе со голот на Мауро Икарди во 9-тата минута, израмни Маркизио од пенал во 42-та минута, а победата на Јувентус му ја донесе Мората во 83-тата минута, по катастрофалната интервенција на домашниот голман Хандановиќ.

Денеска се играат дуелите: Сасуоло – Милан, Аталанта – Џенова, Каљари – Палермо, Торино – Киево, Верона – Емполи и Рома – Удинезе.

Натпреварите Фиорентина – Парма и Наполи – Чезена ќе се играат утре.

Табела: Јувентус 83 бодови, Лацио 66, Рома 64, Наполи 60, Фиорентина 55, Сампдприја 54, Џенова 53, Интер 52,...

 

Сампдорија – Лацио 0:1

Интер – Јувентус 1:2

 

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега