Вардар домаќин на Ренова во 31.коло од фудбалскиот шампионат

 
Четири натпревари од 31.коло од фудбалскиот шампионат на Македонија ќе се игра денеска во терминот од 16:30 часот, а лидерот на табелата Вардар ја пречекува Ренова на Националната Арена „Филип Втори“. Со победа „црвено-црните“ ќе ја освојат титулата. На вториот натпревар од плеј оф лигата попладнево ќе играат Работнички и Шкендија. Во понеделник ќе се одигра и третиот дуел од плеј оф лигата меѓу Металург и Силекс.
 
Табела плеј оф: Вардар 65 бодови, Работнички 62, Шкендија 56, Ренова 47, Силекс 37, Металург 33.
 
Во плеј аут лигата денеска на програмата се дуелите: Пелистер – Хоризонт Турново и Тетекс – Брегалница.
 
Табела: Брегалница 39 бодови, Хоризонт Т. 33, Пелистер 29, Тетекс 11.

 

 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега