ВИДЕО: Кристијано Роналдо вежба заедно со синчето
Кристијано Роналдо, слободното време го користи за вежбање и дружба со својот син.
Денеска се појави видеото во кое фудбалерот заедно со 4-годишниот син, малиот Кристијано, прават вежби за зацврстување на стомачните мускули.
Роналдо веќе има изјавено дека ќе биде пресреќен ако син му го одбере овој одличен спорт.
„Тоа ќе биде добро, а може да работи што било. Желба ми е да е фудбалер, како и да е, тој е најважен“, вели фудбалскиот репрезентативец на Португалија за медиумите од Англија.
Роналдо стана татко во 2010 година. Идентитетот на мајката е непознат за јавноста, но со нејзина дозвола, Роналдо доби целосно старателство над синот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа