Карпош Соколи подобар од Кожув

 
Екипата на Карпош Соколи со победа над Кожув ја заврши сезоната во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
 
Во првата средба од последното 10.коло во Супер лигата, одигран попладнево во СЦ Борис Трајковски „Соколите’’ го совладаа Кожув на со 67-64 со што го избегнаа последното место во суперлигашката конкуренција. 
 
Ниту овој, како ни преостанатите две средби кои ќе се играат утре и задутре, немаат влијание на конечниот епилог на табелата, како и двојките во плејофот односно разигрувањето за шампионската титула.
 
Во полуфиналето од плејофот ќе играат, МЗТ Скопје А. – Фени Индустри и Работнички – Куманово.
 
За утре закажано е големото дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кое ќе се игра во СЦ Јане Сандански со почеток од 19 часот, а ден подоцна (сабота) во истиот термин во Кавадарци ќе играат Фени Индустри и Куманово.
 
Табела: МЗТ Скопје А. 44 бодови, Работнички 41 (-1 натпревар помалку), Куманово 39 (-1), Фени Индустри 39, Карпош Соколи 39 и Кожув 38. 
 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега