ВИДЕО: 25 години од Динамо Загреб - Црвена Звезда - натпреварот што никогаш не се одигра
За многумина овој момент, кој се случи на фудбалски натпревар на стадионот на Динамо значеше почеток на граѓанската војна во Југославија.
Пролетниот ден 13.мај (недела) 1990-та година ни најмалку не наликуваше на ден кој според многу аналитичари, историчари и останати ќе почне војната во Југославија.
Речиси и да нема љубител на фудбалот кој не слушал за нередите на фудбалскиот меч помеѓу хрватскиот Динамо и српската Црвена Звезда кои ја одбележаа историјата на овие простори.
Точно на денешен ден, пред 25 години се случи, сега веќе легендарниот инцидент во Загреб, тепачката помеѓу навивачите на двата тима и полицијата, кој беше окарактеризиран како прв инцидент кој го најавил почеток на граѓанската војна во некогашната заедничка држава, кој официјално започна една година подоцна.
Тоа беше еден од најкрвавите инциденти помеѓу фудбалски навивачи во Европа, бидејќи имаше многу повредени и ранети со огнено оружје, но и избодени со ножеви.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа