Македонско-руски научен собир за Букурешкиот договор
Во Скопје денеска ќе биде отворен дводневниот македонско-руски научен собир на тема „Букурешкиот мировен договор 1913 и неговите долгорочни последици за Македонија и Југоисточна Европа“.
Овој собир е организиран од Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Руската академија на нуките.
На собирот ќе учествуваат осум претставници од Русија, предводени од директорот на Институтот за славистика проф. д-р Константин Никифоров и 23 истражувачи од различни области на науките од Македонија.
Презентираните сознанија од научниот собир ќе бидат објавени во посебен заеднички зборник во издание на МАНУ што ќе биде презентиран на Седмата руско-македонска научна средба во Москва во 2015 година.
Македонско-руските научни собири се одржуваат секоја втора година наизменично во Русија и Македонија.