Македонскиот клупски ракомет осми во Европа
Македонските машки клубови на новата ЕХФ ранг листата се наоѓаат на високото 8-мо место, додека дамите се на 14-тото.
Заслугата за високиот пласман на македонскиот клупски ракомет во европски рамки, кој сега се наоѓа на 8-то место со 36,4 бодови им припаѓа на Вардар и Металург кој во изминатите три години имаат забележителни настапи во Лигата на шампионите.
Во женска конкуренција, пак, Македонија беше на 16. место, но „скокна“ за две позиции со 27,75 бодови благодарение на ЖРК Вардар, кој лани беше дел од Ф4 турнирот во најсилното европско клупско натпреварување, успех, кој го повтори и оваа сезона.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа