Пике ја изневерил Шакира со проститутка?
Шпанските фудбалери на Купот на конфедерации имале возбудлива ноќ по победата над Уругвар со 2:1. Откако „црвената фурија“ триумфираше, фудбалерите се решиле да се опуштат со журка во хотелот во кој што преноќувале. Викнале и проститутки и уживале во храната самбата пивото и музиката. За жал веќе следното утро проститутките ги немало а покрај нив на фудбалерите им биле украдени и неколку илјади евра. Фудбалерите на почетокот решиле да не го пријават случајот, но биле принудени откако виделе дека фалат и неколку вредни работи во хотелот. Сигурносните камери ја расичстиле целата ситуација. по што случајот многу брзо бил расчистен.
Началникот за безбедност во делегацијата на шпанскиот табор, Раул Хименез, се вратил од Рио де Жанеиро во Ресифе, со цел да се сретне со директорот на хотелот, Едуардо Барбоса и со персоналот, меѓутоа откако ги видел снимките, одлучил да се откаже од поднесување обвинение.
Меѓу фудбалерите се наоѓал и Џерард Пике кој што другарувал со една од проститутките а како тоа ќе и го објасни на Шакира останува да се види.
Утре, избраниците на Висенте Дел Боске, во реприза на ЕУРО-финалето, од 21 часот ќе ги одмерат силите со Италија. Другиот учесник во мечот за титулата ќе го добиеме вечер, по пресметката на домаќинот Бразил со Уругвај.