ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен фудбалски навивач во Полска
Во интервенцијата на полската полицијата против фудбалските хулигани на натпревар од 4.лига загина еден навивач.
Во нередите кои избиле по овој инцидент, повредени биле 14 полицајци. Во текот на мечот од 4.лига помеѓу локалниот клуб Конкордија и Рух, во саботата навечер, започнала тепачка помеѓу навивачите, а на теренот беа фрлени разни пиротехнички средства и тврди предмети.
Кога судијата одлучил да го прекине мечот, на теренот влетале 50-тина навивачи на Конкордија, кои сакале да ги нападнат гостинските фудбалери.
Полицијата најнапред пукала во воздух, а потоа со гумени куршуми и во хулиганите на теренот.
-Врз полицијата биле фрлени разни предмети и тие реагираа, меѓу другото и со гумени куршуми. Еден од хулиганите е ранет во вратот и префрлен во болница. Од таму подоцна не известија дека тој починал, изјавил за полската телевизија ТВН24 портпаролот на полицијата во Катовице Анџеј Гоноска.
Овој 27-годишен навивач искрварил по доаѓањето во болница, а поради него се собрала група од преку 100 хулигани која ја нападнала полицијата која ја обезбедувала болницата со камења, петарди и молотови коктели.
Портпаролот ги отфрли обвинувањата дека на несреќниот навивач не му била пружена медицинска помош од страна на полицијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа