Реал Сосиедад подобар од Леванте
Фудбалерите на Реал Сосиедад со победа го „отворија“ 35.коло во Примера. Синоќа тие пред своите навивачи го совладаа Леванте со 3:0. Првиот гол во 13.минута го постигна Алфред Финбогасон, а на 2:0 зголеми Маркел Берхара во 51.минута. Конечните 3:0 ги постави Карлос Вела во 86.минута.
Денеска се играат четири натпревари: Кордоба – Барселона, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао, Севиља – Реал Мадрид и Депортиво – Виљареал.
Оваа рунда ќе биде комплетирана со дуелите: Еспањол – Рајо Ваљекано, Хетафе – Гранада, Валенсија – Еибар, Малага – Елче (недела) и Алмерија – Селта (понеделник).
Табела: Барселона 84 бодови, Реал Мадрид 82, Атлетико Мадрид 75, Валенсија 69, Севиља 69, Виљареал 53,...
Оцени ја веста
02.05.2015 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа