Тутунската мафија си заработи 30 дневен притвор
На 17-те лица кои се уапсени во текот на акцијата на МВР „Филтер“ заработија 30 дневен притвор.
Меѓу приведените во големата полициска акција беше и еден полициски службеник.
Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско- бугарската граница во нивна сопственост. Мал дел од криумчарените цигари членовите на криминалната група ги пуштале во промет и на територијата на Македонија, додека поголемиот дел по нелегалното внесување, повторно ги транспортирале и ги криумчареле во Бугарија.