ЕХФ го кани Металург во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да му даде можност на актуелниот македонски првак Металург и следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

Одличните настапи на Металург во изминатите три сезони од елитното натпреварување, во кои двапати играше во четвртфиналето беа главната причина поради која ЕХФ испратил официјален допис преку кој доставил „вајлд-карта“ за настап во елитното натпреварување и наредната сезона, информација која ни ја потврдија и од клубот од Автокоманда.

Но, како услов за настап во Лигата на шампионите, е Металург одново да состави силен тим со кој би можел да биде конкурентен на најдобрите екипи во елитното натпреварување. Крајниот рок за да го направи тоа е 10 јуни, до која екипата од Автокоманда до ЕХФ ќе треба да достави список на играчи со кои би играл во Лигата на шампионите, секако со простор тој тим дополнително да се засилува во летниот преоден рок

По завршувањето на Светското првенство во Катар, во февруари, металург остана без речиси комплетниот тим со кој минатата сезона во елитното натпреварување, во десетте одиграни натпревари оствари само по една победа и нерешен резултат, и дури осум порази.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега