Спасов: Државата се грижи за децата без родители

 

СОС Детското село се препознава по уникатниот модел, индивидуалниот пристап, квалитетната грижа, имплементираните стандарди и добри услови за живот, истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој истакна дека децата без родители во ништо не се разликуваат од останатите. Единствената разлика е судбината, која што си поиграла со нивните животи.

-Исто така децата остваруваат и права на парична помош во висина од 4.000 денари, односно 5.600 денари доколку лицето се наоѓа на редовно школување, право на социјално домување, надомест на трошоците за сместување во студентски дом, посочи Спасов, пренесе Курир.

СОС Детското село во Скопје започна да функционира во 2002 година. 

ФОТО: МТВ

најчитано сега