Измени на законот: Кафулињата во Скопје ќе работат до 23 часот а за викенди до полноќ

 

Работното време на угостителските објекти коишто се наоѓаат во станбени згради да се намали за еден час и тие да работат до 23 часот а за време на неработните денови ќе можат да работа до полноќ. Ова е предлогот за измена на Законот за угостителска дејност кој вчера беше дебатиран на тематската работилница, на која присуствуваа и министрите за внатрешни работи и за економија, како и скопски угостители и претставници на куќни совети.

Темата беше како да се решат проблемите на граѓаните кои се жалат на бучавата од околните кафулиња. Според она што беше речено, има зголемен број на пријави од граѓани кои се жалат на гласната музика и велат дека работното време не се почитува.

„Иако инспекторите на Градот немаат надлежност да реагираат по пријави за зголемена бучава од угостителските објекти или за непочитување на работното време, ние сме многу заинтересирани оваа област да се прецизира за доброто на граѓаните. Затоа, очекувам измените на Законот да понудат решение токму на овие проблеми, за на крајот никој да не биде оштетен, а на граѓаните да им бидат загарантирани мирот и безбедноста“, рече Трајановски.

Според Гордана Јанкуловска МВР од почетокот на годината поднел 714 барања за поведување прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир, за учество, предизвикување или поттикнување тепачка, вознемирување со гласна музика, фрлање, кршење разни предмети, карање, викање и непристојно однесување. “За да се надмине ваквата состојба, потребно е да се пристапи кон измена и дополнување на Законот“, рече Јанкулоска.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега