УЖИВАЈТЕ: УМС организира бесплатно авто-кино вечерва во Скопје
Се прават последните подготовки за вечерашното авто-кино на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Сите кои сакаат, ќе имаат можност бесплатно, од својот автомобил, да го погледнат филмот „До балчак“ во 20 часот. Настанот е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а целта е промоција на македонските филмови и ново искуство за младите, но и за повозрасните граѓани на Македонија.
-Сакајќи на младите луѓе во Скопје, воедно и во Македонија да им овозможиме едно искуство кое што го немале до сега, одлучивме да го организираме првото авто-кино во Скопје. До сега имало неколку обиди да се организира ваков настан, но главната разлика од нашиот настан и досегашните е тоа што, вечерва во 20 часот на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ влезот ќе биде бесплатен, односно секој млад човек и постарите граѓани кои ќе дојдат тука вечерва ќе можат бесплатно да го проследат филмот „До балчак“. Инаку се одлучивме на ваков филм, последниот од македонската кинематографија снимен, поради фактот што сакаме да ги промовирани македонските филмови и очекуваме да има голем одзив на овој настан и многу млади луѓе вечерва да дојдат и да присуствуваат на авто-киното организирано од УМС, истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
Во зависност од интересот, не се исклучува можноста организирањето на авто-кино да продолжи во иднина и на други локации.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа