Осуммина повредени на скопските улици

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои две се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци, еден велосипедист и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите, 14 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 10 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин или го управувале возилото под дејство на алкохол, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 9 часот и 30 минути на кејот на реката Вардар кај црквата „Св. Јован крстител“, под мостот „Близнак“ ќе се одржи тестирање на вежбовен модул во рамките на проектот за спасување од поплави „Вардар 2015“ и во 12 часот во организација на Средношколски пленум и Студентски пленум ќе се одржи студентски марш по сообраќајниците во централното градско подрачје. Од сообраќајната полиција апелираат до возачите да бидат трпеливи, да ги почитуваат сообраќајните знаци и наредбите коишто ќе ги даваат полициските службеници. 

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега