Скопјанец тешко повреден во автобус

 

Возач на мопед и патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди вчера во две сообраќајни незгоди во Скопје. Во изминатите 24 часа во главниот град се регистрирани вкупно 12 сообраќајки, при што во четири е причинета материјална штета, а во шест сообраќајки полесно се повредени возач на патничко моторно возило, пет сопатници, тројца пешаци и велосипедист.

Во тек на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон додека возеле.  Санкционирани се и 34 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно поминале на црвено светло на семафорите, како и шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција отстранила 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега