Многу бебиња во Аеродром - ова се најпопуларните имиња
Општина Аеродром во текот на минатата година доделила 731 решение за еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 5.000 денари, од кои 405 за машки, а 326 за женски деца.
Од нив 368 се првородени деца, 311 второродени, во 51 семејство има трето дете, а има и едно семејство со 5 деца, додека 14 семејства од општина Аеродром во 2014 година добиле близнаци.
Исто како и во 2011, 2012, 2013 година, и во изминатата 2014 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Јана, а кај момчињата Марко, но оваа година има и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Ангела и Михаил. Исто така, има и многу деца кои се викаат Ана и Марија, како и Стефан, Матеј и Петар. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Дениција, Дена, Калија, Григориј, Алексеј, Луна ...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа