До каде е екстрадицијата на убијците од Монструм?

 

Косовското Министерство за внатрешни работи ги заврши обврските за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се уапсени на Косово, а во Македонија се осомничени во случајот „Монструм“. Останува министрите за правда да ја довршат работата со нивната екстрадиција. изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

- Ќе се придржуваме кон добрата сорботка помеѓу двете држави. Ние сорабoтуваме и во областа на борбата и спречување на организираниот криминал. Како Министерство за внатрешни работи ги завршивме нашите обврски и останува министрите за правда да ја завршат работата со екстрадицијата и јас не можам да зборувам во нивно име, рече Реџепи.

Македонскиот министер за правда Блерим Беџети на 13-ти овој месец изјави дека Министерството за правда нема правна регулатива за да преземе какви било дејствија за побрза екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Во врска со сомнежите дека некој ги штити убијците искажани од родителите на убиените момчиња и нивното барање одговор зошто се одолговлекува екстрадицијата, министерот за правда замоли да не се приоѓа со шпекулации на, како што рече, ваков чувствителен случај.

- Прв пат слушам за вакви сомнежи и апелирам за ваков чувствителен случај сите да придонесеме и да нема простор за разни шпекулации, рече Беџети и додаде дека Судот е местото каде се разгледува случајот.

Во скопскиот Кривичен суд се води судскиот процес во кој на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро што се случи лани на 12-ти април. Во овој судски процес обвинети за тероризам и помагање тероризам се Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири.

најчитано сега