Викендов промени во сообраќајот во Скопје
Од утре поради Велигденските празници се очекува зголемено присуство на граѓани околу верските објекти, а со тоа и зголемено присуството на сообраќајната полиција заради нормално и безбедно одвивање на патниот сообраќај. Во сабота почнувајќи од 20 часот па се до недела до 2 часот сообраќајот ќе биде пренасочен околу Соборниот храм „Климент Охридски“ и тоа на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ кај „Симпо“ се до крстосницата со булеварот „ВМРО“ кај зградата на Македонски пошти и на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“ кај Владата, па се до крстосницата со улицата „Димитрија Чупоски“ кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Во ова насока од сообраќајната полиција апелираат во овој период граѓаните да се воздржат од управување на возилото особено во централното градско подрачје, а доколку го користат да го паркираат на место определено за таа намена, како и да ги почитуваат сообраќајните знаци и наредби што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа