Двајца возачи и пешак тешко повредени на скопските улици

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди од кои две се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 31 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзната на движење, 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите, 12 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 85 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Кјиелце, Полска. Со цел безбедно и непречено одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација и пренасочување на сообраќајот.

Од утре поради Велигденските празници се очекува зголемено присуство на граѓани околу верските објекти, а со тоа и зголемено присуството на сообраќајната полиција заради нормално и безбедно одвивање на патниот сообраќај. Во сабота почнувајќи од 20:000 часот па се до недела до 02 часот сообраќајот ќе биде пренасочен околу Соборниот храм „Климент Охридски“ и тоа на бул. „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со ул. „Франклин Рузвелт“ кај „Симпо“ се до крстосницата со бул. „ВМРО“ кај зградата на Македонски пошти и на бул. „Климент Охридски“ на потегот од крстосницата со бул. „Илинден“ кај Владата на РМ па се до крстосницата со ул. „Димитрија Чупоски“ кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во ова насока од сообраќајната полиција апелираат во овој период граѓаните да се воздржат од управување на возилото особено во централното градско подрачје, а доколку го користат да го паркираат на место определено за таа намена, како и да ги почитуваат сообраќајните знаци и наредби што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници. 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега