Аеродром добива нова улица

 

Во Општина Аеродром почна изградба на нова улица која ќе ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“ со целосно нова комунална инфраструктура. Почетокот на изградбата го означија градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски. Вкупната должина на новата улица ќе биде околу 200 метри, а широчината 6 метри, согласно Деталниот урбанистички план.

Покрај новата улица ќе се изградат и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улицата, како и нови линии за јавно осветлување. За овој проект Општина Аеродром ќе издвои над 5 милиони денари од својот Буџет.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега