Се негува традицијата: Велигденски средби со Благица Павловска во Горно Лисиче
В недела, 12.4.2015 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 27-те велигденски средби.
Велигденските средби традиционално секоја година на Велигден ги организира Црковниот одбор на православниот храм, под покровителство на Општина Аеродром.
Средбата ќе почне во 11:00 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.
На големиот народен собир со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани.
Оваа година на Велигденските средби се очекува да настапат Благица Павловска, Анастасија Петревска, Влатко Миладиновски, Орце Стефковски, како и културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче и оркестарот „Фортуна“.
Црковниот одбор ги повикува православните верници да се приклучат во прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа