Пролетна дератизација во општина Кисела Вода

 

Општина Кисела Вода денеска во координација со градот Скопје и останатите општини од главниот град, започна со пролетна дератизација.

Уништувањето на штетните глодачи, како што соопшти општина Кисела Вода, ќе го врши ЈЗУ Центар за јавно здравје во соработка со ЈП Водовод и канализација и урбаните заедници од општината.

Процесот на дератизација започна во Драчево, од каде во текот на наредните 10 до 15 дена ќе ги опфати сите останати месни и урбани заедници од Кисела Вода. Се предвидува да бидат опфатени вкупно околу 3. 230 шахти. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега