Се пролеа крв на скопските улици: Млада девојка го загуби животот

 

Две жртви и 25 повредени лица е билансот од 26-те сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите три дена во Скопје. 

Првата незгода со жртва се случила на 3 април, во 20 часот и 40 минути на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ со улицата „ Косовски херои“, во непосредна близина на Универзалната сала. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на 21-годишна возраст, жител на Крива Паланка. Како последица на незгодата од здобиените повреди на лице загинал пешакот. По незгодата возачот со возилото заминал од местото на настанот и по извесно време случајот го пријавил во полициската станица Ѓорче Петров.  Втората незгода се случила на 5 април, во 17 часот и 40 минути на улицата „Бутелска“ во која учествувале патничко моторно возило „шкода фаворит“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на возраст од околу 75 години, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило е пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.

Во петокот се случиле уште пет сообраќајни незгоди со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица, а шест незгоди се со последица материјална штета.Завчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Вчера, пак, се евидентирани осум сообраќајни незгоди. Покрај несреќата со последица смрт, четири се со последица материјална штета, а три со телесна повреда во која се повредени 10 лица.

Во изминатите три дена  сообраќајната полиција санкционирала 41 возач кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 98 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од кои 29  возеле со брзина од над 90 километри на час во населено место, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон  во тек на возење, како и 21 пешак кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 98 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега