Средното училиште во Сарај ќе биде готово за шест месеци
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, денеска во општина Сарај го посети објектот на новото средно училиште, кое треба да биде изградено за шест месеци.
- Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи, беше раскинат поради непочитување на роковите за градба, по што Министерството за образование и наука, распиша нов јавен повик и потпиша договор за реализација на градежните работи, изјави министерот Адеми.
Инвестицијата во висина од над 32 милиони денари е обезбедена од буџетот на Министерството за образование и наука.
Новото средно училиште е со површина од 1900 метри квадратни, а во него ќе бидат сместени 12 училници, четири кабинети и други придружни простории.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа