Скопје се смее: Голема забава по повод Денот на шегата
Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош" денеска пред „Порта Македонија“ од 11 часот ќе организираат целодневна манифестација „Априлијада 2015“.
Дневниот дел од традиционалната манифестација по повод Светскиот ден на шегата ќе се организира под мотото „Скопје се смее" и е наменет за децата од градинки и од училишта. На учесниците ќе им се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Ноќната забава ќе почне во 21 часот кај „Порта Македонија“. Како што најави Град Скопје, ќе учествуваат изведувачите Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, диџеј Бабура и групата „The Noise makers".
„ЕВН Македцонија“, пак, по повод 1 април, Денот на шегата, и 2 април - Светскиот ден на книгата за деца, во трговскиот центар „Капитол мол“ ќе организира маскенбал, на кој ќе продефилираат над 150 маски инспирирани од ликови од книгите за деца.
За најкреативните пет маски „ЕВН Македонија“ ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа