Балетската претстава „Лебедово езеро“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, која е ремек дело на балетската класика, пренесува МИА.
„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат: во улогата Одета/Одилија, Мими Поп Алексова Атанасовска; улогата на Принцот Зигфрид ќе ја толкува гостинот од Србија Јован Веселиновиќ; Ротбарт, Игор Веланоски, Па де труа: Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска и Гиорги Беридзе од Грузија.
Со оркестарот на МОБ ќе диригира Ѓорѓе Павловиќ од Србија. Ќе настапи комплетниот балетски ансамбл на МОБ.
Од МОБ информираат дека првенците на Балетот, Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили денеска ќе гостуваат во Народно позориште во Сараево во претставата „Дамата со камелии“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа