Катастарот за недвижности отвора трајна канцеларија во Драчево

 

Агенцијата за катастар на недвижности утре ќе отвори траен шалтер во Месната заедница во населба Драчево каде што граѓаните ќе можат да поднесуваат барања, ќе ги добиваат потребните документи и ќе имаат можност и секојдневно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти.

Свеченото отворање ќе се одржи утре во Месната заедница на населба Драчево.

-Сѐ со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните од населба Драчево, Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Општина Кисела Вода одлучи да изнајде трајно решение за нивните потреби, информираат од општината.

На отворањето ќе присуствува  градоначалникот на општина Кисела Вода  Билјана Беличанец- Алексиќ и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега