Децата од градинката „Весели цветови“ дел од проектот за почитување на мултикултурализмот
Децата од градинката „Весели цветови“ во општина Кисела Вода со драмска, музичка и ликовна креативна програма денеска во паркот Шопен дадоа придонес во почитувањето на различностите и мултикултурализмот во земјава.
Настанот се реализира во рамките на проектот „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија“, што го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и Британската Амбасада во координација со општините и градинките низ Македонија
Преку претставата „Домот на дружината Мела“, музички точки на македонски, српски, албански, ромски и турски јазик и заедничките ликовни и спортски активности дечињата се дружеа и покажаа како изгледа успешно функционирање на мултикултурализмот и почитувањето на различностите на секое ниво.
Имплементацијата на програмата насловена „Воведување на почит кон различностите и мултиклтурализмот во раниот детски развој во Македонија“ почна минатата година и преку серија обуки и работилници опфати 10 градинки и 10 општини во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа