Пролетта ги разбуди пресушените извори - општина Бутел го решава проблемот
Деновиве, општина Бутел се соочува со проблем на патот Радишани- Љубанци. Имено, долж патот од мостот на излезот од Радишани до мостот на Јазирска река „проработеа“ неколку одамна пресушени извори. Сега, нивната вода се излева на патот и прави проблеми во сообраќајот и на автомобилите и на пешаците.
Најпроблематичен е изворот над повеќенаменското спортско игралиште, кој за првпат се појави пред девет години, кога и беше опфатена водата со покриен канал до реката Серава.
Оваа издашна пролет, го доразбуди стариот задреман извор и го поплави патот во должина од 550 м. Токму затоа, Општина Бутел реагираше промтно и веќе се работи на изградба на трајно решение, односно се прави нова атмосферска канализација. Ќе бидат поставени цевки со широчина од ф-400, а вкупната должина на цевководот е 550 метри.
Исто така, на две до три места на коловозот ќе бидат поставени метални решетки за побрз опфат на атмосферската вода, заради стрмата конфигурација на патот. Откако ќе завршат работите со атмосферската канализацвија, ќе се постави нов асфалт на патот и затоа се молат граѓаните што се уште не се приклучени на фекалната канализација, тоа да го сторат што побрзо, бидејќи по асфалтирањето општината нема да дозволува нови прекопи.
Изведувач на работите е ,„Енергомонт“ од Скопје.
Проектот за атмосферската канализација ќе чини 2 900 000,00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа