Општина Аеродром со поддршка на жените за успешен бизнис

 

Општина Аеродром почна да објавува текстови со коишто се промовира работата на невладините организации на нејзината територија со кои активно соработува, како и активностите што ги реализираат овие здруженија.

Денеска ја промовираме Фондацијата за поддршка и развој на женско претприемништво „Центар за жени претприемачи“ Скопје,  која е невладина, непартиска и непрофитна организација и која делува на целата територија на Република Македонија. Основната цел на делување на фондацијата е давање поддршка на жените и младите во нивниот деловен, личен и социјален развој преку промовирање на женското претприемништво, како и поддршка за основање, позиционирање и понатамошен развој на бизнисите на жените и младите, информираат од општината.

Активностите опфаќаат едукација, информирање, советување и менторство, вмрежување, создавање економски можности, развој на претприемачки ум и подигнување на свеста за претприемништво кај невработени лица и жени, жени во бизнисот и студенти.

Фондацијата има реализирано успешни проекти со повеќе општини со програми за обука составени од компоненти кои се спроведуваат во неколку циклуси, и тоа циклус обуки за претприемништво, за вештини за вработување, за информатичка технологија, за фармер-претприемач, како и обуки за уметнички ракотворби.

Повеќе информации за целата работа на фондацијата можат да се добијат на веб- страницата www.cwef.org.mk, како и на www.facebook.com/CWEMacedona.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега