Дератизација во општина Илинден

 

Општина Илинден изврши дератизација за уништување на глодари на својата територија, во координација со екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, а согласно Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2015 година.

Со дератизација, информираат од општината, беа опфатени околу 200 шахти што се наоѓаат на јавните површини.

Општинските власти најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со примена на сите потребни мерки за заштита, како дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега