Зеленило, фонтани, водопади: Нов парк ќе го краси Аеродром
Општина Аеродром започна изградба на нов парк од 2.319 метри квадратни спроти „Мајчин дом“ на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“. Денеска на отпочнувањето на градежните активности присуствуваше градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
- Со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде пријатно место во него, како и карактеристично одбележување на пошироката околина, истакна Коневски и додаде дека вредноста на оваа инвестиција е околу 30 милиони денари.
Според градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски Скопје станува се позелен град, а општината Аеродром е на прво место која придонесува за тоа.
- Сметам дека овој парк придонесува за животната средина во градот Скопје, а од друг аспект граѓаните од општината ќе можат да имаат дополнителни содржини за рекреација и социјализација, рече Трајановски.
Паркот предвидено е да има пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа