ФОТО: Елеганција, танцување и гламур - Виенскиот бал ќе го разигра Скопје
Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус”, под покровителство на Амбасадата на Австрија во Македонија вечер во Скопје ќе се одржи 16.издание на Виенскиот бал.
На традиционалната културно-музичка манифестација ќе се танцува на валцери и ќе се пеат евергрини и хит рефрени. Оркестарот Јохан Штраус - триесет професионални музичари инструменталисти, ќе музицираат под диригенство на маестро Саша Николовски - Ѓумар, а танцови точки ќе изведат танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“.
На Виенскиот бал во Скопје ќе настапат и првенците на Балетот при МОБ - Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа