Финалистите во националните купови повеќе нема да учествуваат во Лига Европа

Одделот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија ги информира екипите учесници во националниот куп за промените кои ги донесеУЕФА, а се однесуваат на пополнување на местата на УЕФА Европа Лига, поконкретно за правилото финалист на КУП.
Почнувајќи од УЕФА сезона 2015/16 правилото за финалист за КУП гласи: „Доколку победникот на домашниот Куп за сезона 2014/2015 обезбеди пласман во УЕФА Лига на шампиони преку домашно натпреварување, тогаш место во УЕФА Европа лига добива следниот на табела кој не изборил пласман во УЕФА Европа лига“.
Досега во случај куп победникот да обезбеди пласман во Лига Европа, следен кој добиваше право за настап во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување беше финалистот на националниот куп.
Оцени ја веста
19.03.2015 - 21:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа