Канческа-Милевска во работна посета на Охрид

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе оствари работна посета на Охрид, каде ќе се сретне со директорите на националните установи од областа на културата во овој град, како и со градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

Канческа-Милевска и Бакрачески, како што е најавено, ќе ја посетат и Куќата на Ајри Доко, лоцирана во стариот дел на градот, каде е завршена тертата фаза од конзервација на овој значаен споменик на културата, по што ќе се упатат кон Куќата на Бојаџиеви, лоцирана во непосредна близина на Античкиот театар, каде е завршена реконструкцијата на фасадата на овој автентичен примерок на стара градска охридска архитектура

најчитано сега