Отказ за Мануел Пелегрини
Манчестер Сити синоќа доживеа елиминација од Барселона во Лигата на шампионите, а прва жртва за неуспехот во најелитното клупско натпреварување ќе биде тренерот Мануел Пелегрини.
Раководството на англискиот тим доцна синоќа имало состанок на кој била донесена одлука Мануел Пелегрини да добие отказ. Сепак, официјално оваа одлука ќе биде соопштена по завршувањето на сезоната, односно Чилеанецот ќе биде оставен да го предводи тимот до крајот на сезоната во Премиер лигата.
Според информациите кои доаѓаат од Островото желбите за наследник на Пелегрини се Пеп Гвардиола, Диего Симеоне и Јирген Клоп.
Покрај Пелегрини, на трансфер листа ќе бидат ставени Александар Коларов, Демикелис, Стеван Јоветиќ, Јаја Туре, а од клубот сигурно ќе замине Џејмс Милнер на кој му истекува договорот по завршувањето на сезоната и соработката со него нема да биде продолжена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа