ФОТО: Миркуловски го менува Ивано Балиќ во Вецлар

 

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски од следната сезона ќе го носи дресот на Вецлар.

Оваа информација самиот ракометар ја потврди на својот ФБ профилот каде напиша:

- Голема чест од HSG Wetzlar. Треба да го заменам „ракометниот Моцарт“. Голема чест, но и одговорност. Од Јуни две сезони во дресот на Вецлар.

Миркуловски откако го напушти Металург настапува за Хановер, каде ќе остане до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе го носи дресот на Вецлар, каде во моментов настапува Дејан Манасков.

Сепак, тие двајца нема да бидат повторно во ист клуб, бидејќи македонското лево крило се враќа во Македонија и ќе настапува за Вардар.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега