Уапсени 175 лица, повредени 112 полицајци- епилог од фудбалски натпревар

 

Големото ривалство на двете берлински екипи Унион и Динамо, по којзнае кој пат и предизвика големи проблеми на берлинската полиција. Епилогот е 175 уапсени лица и дури 112 повредени полицајци.

 

Иако, требаше да биде контролен „пријателски“ натпревар меѓу двата фудбалски клуба од источен Берлин, сепак, случувањата од стадниот се пренесоа и на берлинските улици.

 

Инцидентот почнал кога над 300 навивачи на домашната екипа се обиделе да влезат на трибината каде биле гостинските симпатизери, сакајќи физички да се пресметаат со нив. Брзата интервенција на полицијата ја спречила намерата на „воинствените“ домашни навивачи.

Како што јави Би-Би-Си’, екипата на Динамо долги години е поврзувана со структури од поранешната источногерманска тајна полиција „Штази’’.

 

Динамо Берлин кој во моментов се натпреварува во четвртата по квалитет фудбалска лига, гостуваше на стадионот на Унион Берлин кој настапува во втората лига, со цел да биде одигран контролен меч, против вториот тим на ривалот, но за навивачите очигледно не постои „прв и втор тим“ и мечот ниту од далеку немаше карактер на „пријателски“ натпревар.

 

Што се однесува до самиот натпревар, Динамо го победи вториот тим на Унион со 1:0.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега