Кои скопски населби утре ќе останат без вода?
Без вода утре од 2 часот наутро ќе останат корисниците на високата зона од Аеродром и Ново Лисиче. Прекинот е поради уличен дефект со профил Ф 400 мм. на бул. „Србија“, раскрсница со бул. „Борис Трајковски“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок со профил од Ф 100 мм. на улицата „Рузвелтова“ бр.44, утре од 9:30 часот до завршување на приклучокот ќе останат корисниците од истата улица на потегот од бул. „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Оцени ја веста
17.03.2015 - 18:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа