Уште една жртва на хеморалгична треска во Косово

 

ќНа Инфективната клиника при Клиничко болничкиот центар на Косово денеска од хеморалгична треска почина уште едно лице, што е четврта жртва на оваа болест годинава, изјави началникот на Клиниката, доктор Саљи Ахмети.

Тој истакна дека денеска починало 31-годишно лице од општината Малишево, додавајќи дека на клиниката уште 11 пациенти се лекуваат од хеморалгична треска, од кои двајца се во тешка состојба.

- На клиниката денеска е примен еден пациент, а се очекува во текот на денот да бидат префрлени уште двајца, за кои постои сомневање дека боледуваат од оваа болест, нагласи Ахмети. 

најчитано сега