Јадете лесна храна, носете светла облека и пијте течности - еве како да се заштитите од пеколното време
Македонија денеска влегува во жолтата фаза. Денеска температурите ќе се движат до 37 степени. Еве што треба да направите за да се заштитите од горештините:
Пред употреба задолжително миење на земјоделските, градинарските производи, како и термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Воедно, избегнувајте производи кои термички не се обработени како на прмер мајонези од домашни јајца, а внимателно и со консумација на сладолед и разни кремови. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
Доколку сте во можност тоа да го направите, не излегувајте во период од 10 до 17 часот, а избегнувајте и напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности.
Носете светла и лесна облека бидејќи светлите бои ја рефлектираат светлината, а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
Внесувајте големо количество течности почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.
Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во поладно место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура и побарајте помош од доктор.
ФОТО: Кајгана