Кои скопски населби утре ќе бидат без вода?
Корисниците од улиците „Донбас“ и „Алберт Ајнштајн“ во општина Центар утре од 10 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е давање водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „Донбас“ бр.2 (по старо „Андон Дуков“), а кориснците ќе останат без вода за пиење до завршување на интервенцијата.
Од 9.30 до 15 часот поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри без вода за пиење ќе бидат и корисниците од улиците „27 Март“, „Скопска“ и „8-ма Ударна Бригада“ во општина Центар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа