Мурињо на колена, шокантна елиминација на Челзи

 

Челзи и Жозе Мурињо се елимирани од Лигата на шампионите, откако вечера на Стемфорд Бриџ не успеаа да го победат ПСЖ, а францускиот шампион благодарение на повеќето постигнати погодоци на гостински терен се пласираше во четвртфиналето.

 

Ниту поволниот резултат од Париз, ниту домашниот терен, ниту пак предноста од играч повеќе цели 90 минути не беа доволни Челзи да излезе како победник во судирот на гигантите. Ништо не навестуваше ваков епилог, особено не по директниот црвен картон на Ибрахимовиќ, кој во 32-та минута го фаулираше Оскар и заработи исклучување.

 

Сепак, бројчаната предност на теренот Челзи не успеа да ја валоризира се до 81-та минута, кога дефанзивецот Гери Кејхил погоди за 1:0, со што никој не веруваше дека ПСЖ со играч помалку може да го изненади англискиот тим. Во 86-та минута, Французите израмнија, Давид Луиз погоди за 1:1 и го однесе мечот во продолженија.

Во првото продолжение повторно предност за Челзи, Азар погоди од пенал во 96-та минута за 2:1 и ги донесе “сините“ на чекор до прогрес, но сепак така не мислеше капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва, кој со одличен удар со глава во 115-та минута го совлада Куртоа за 2:2 и обезбеди резултат се четвртфинале. До самиот крај, Челзи речиси и не успеа да се состави со топката.

 

Во другиот натпревар вечерва, Баерн Минхен го декласираше Шахтјор со 7:0

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега