Бабунски во тандем со Пандев во Џенова?

 

Италијанскиот портал „calcionews24“ објави дека следната сезона македонскиот талент и член на Барселона Давид Бабунски би можел да заигра во Серие А.

Горан Пандев има договор со Џенова и следната сезона се враќа во Серие А. Сепак, постои можност овој тим да добие македонски тандем.

Имено, како што пишува „calcionews24“ младиот македонски репрезентативец Давид Бабунски, кој на први март наполни 21 година, од следната сезона би можел да заигра во Серие А. Како негова следна дестинација се спомнува токму Џенова, но и клубови како што се Сампдорија, Фиорентина и Сасуоло.

Бабунски е член на Барселона Б, а иако неколку пати тренираше со првиот тим на Каталонците, сепак тешко е да се верува дека ќе избори место во најдобриот состав на Лус Енрике.

Поради тоа челниците на Барселона ќе го убедат Бабунски да замине од тимот на позајмица, а тоа најверојатно ќе биде италијански тим.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега