ФОТО: Поставена спомен-плоча во чест на загинатите француски војници

 

Во паркот на Франкофонијата во Градскиот Парк вчера беше поставена спомен-плочата во чест на загинатите француски војници во Македонија во Првата светска војна. На откривањето на спомен-плочата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Франција во Македонија, Лоренс Оер, Државниот секретар за поранешни борци и историски настани при француското Министерство за Одбрана, Жан-Марк Тодешини, како и голем број претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Поставувањето на оваа спомен-плочата е дел од активностите на Француската амбасада во Република Македонија, за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

- Оваа спомен-плоча ќе биде потсетување за жителите на Скопје и Македонија за храброста и пожртвуваноста на француските војници кои ги дадоа своите животи во Првата светска војна, како и во битката во Скопје која се одвивала на 29 и на 30 септември 1918 година, кажа градоначалникот Трајановски.

За време на Првата светска војна на територијата на Македонија се одвиваат големи воени битки и судири, каде што учество земаат речиси  милион војници, припадници на десетина различни армии. Од нив, околу 350 000 француски војници од Источната француска армија,  од кои  загинуваат 70 000.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега